ВИСОКОЕЛАСТИЧЕН РАСТВОР - Healon

Healon е вискоеластичен раствор за интраокуларна примена, стерилизиран со водена пареа, сместен во шприц за една употреба. Шприцот е асептично спакуван со канила за една употреба, која е стерилизирана со етилен оксид. Healon има осмоларност и pH вредност слична на очната водичка. Кога Healon се истиснува од канилата, вискозноста значително се намалува правејќи го растворот лесен за инјектирање. Активна компонента е хијалуронската киселина која природно се јавува во корнеалниот ендотел врзана за специфични рецептори. Има висок афинитет за рецепторите и игра улога на ловец на слободни радикали кои се ослободуваат за време на операцијата на катаракта со ултразвук. Healon лесно се инјектира, бидејќи вискозноста значително опаѓа за време на инјектирањето. Веднаш по инјектирањето ја враќа вискозноста. Создава и одржува чисто поле на визија за време на операцијата. Овозможува безбедно и контролирано ракување, намалувајќи го ризикот од траума на корнеалниот ендотел и другите ткива. Создава контра притисок кај случаи со покачен притисок на очното јаболко и може да се користи за потиснување при пролапс на ирисот или испакнување на стаклестото тело. Се елиминира по истиот пат како и ендогената хијалуронска киселина, преку трабекуларната мрежа. По влегувањето во системската циркулација хијалуронската киселина се метаболизира во црниот дроб.

ТИПОВИ

HEALON 5



Неинфламаторна, високо пречистена фракција на натриум хијалуронат со висока молекуларна маса со концентрација од 23 mg/ml (2.3%), растворена во физиолошки пуфер, сместен во шприц за една употреба со волумен од 0.6 ml

HEALON



Неинфламаторна, високо пречистена фракција на натриум хијалуронат со висока молекуларна маса со концентрација од mg/ml (1%), растворена во физиолошки пуфер, сместен во шприц за една употреба со волумен од 0.55 ml или 0.85 ml

  • Претплати се за нашиот Newsletter