КАРИЕРА

Какви кадри работат во БетаМедико?

За да работите во нашата фирма е потребна желба за континуирано учење, амбиција, иницијатива, позитивен дух и посветеност + соодветно образование од областа на медицина, фармација, економија, право, јазици, односи со јавност, електротехника, програмирање и дизајн, оптика...
И најважно, да уживате во Вашата професија, што кај нас не е воопшто тешко. Тука работењето е вистинско задоволство.

Зошто е добро да се работи кај нас?
- Стекнувате стручност во повеќе области
- Самостојно водите проекти од идеа до реализација и задолжително мерење на резултатите
- Работите во меѓународна трговија
- Секојдневно стекнувате нови контакти
- Во тек сте со законската регулатива и најновите технолошки достигнувања
- Секоја задача е сосема нов и неповторлив предизвик
- Се придржувате до строги рокови ефикасно, темелно и одговорно
- Континуирано се надоградувате лично и професионално
- Тимската работа не дозволува пропусти
- Флексибилноста и иновативноста стануваат Вашето второ „јас“

Можност за напредок во кариерата
Вашите заложби и правилно насочениот напор, задолжително се наградува.
Проактивниот однос и посветеност ве водат брзо кон успехот и секој добива шанса.

Како да аплицирате за вработување?
1. Потребни документи: CV со задолжителна фотографија, мотивационо писмо и скенирани потврди за работно искуство, сертификати од обуки и препораки.
2. Документите во attachment, пратете ги на betamed@t-home.mk, со назнака од Вашата професионална определба, на пример - Subject: Дипломиран фармацевт.
3. Ќе добиете потврда дека вашата апликација е примена.


СО ЗАДОВОЛСТВО ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ АПЛИКАЦИИ!

  • Претплати се за нашиот Newsletter