Контактни леќи
* Кристално јасен вид
(Нема дисторзии во видното поле, не се изместуваат и обезедуваат чист, природен поглед).
* Зголемена самодоверба
(Никој не знае, а вие заборавате дека ги носите. Имате поблизок контакт со другите,
луѓето го гледаат вашето лице. А погледот кажува се. Зборувајте со очите!).
* Покриено цело видно поле
(Периферното видно поле е целосно покриено. Ова е особено важно при возење и спортување).
* Нема рефлексија и отсјај
(Континуирано чист вид, немате повремени прекини во сликата заради одблесоци).
* Не се чувствуваат
(Удобни се и не чувствувате тежина и туѓо тело. Рамката не ви се лизга по носот).
* Не се замаглуваат
(Не се валкаат на дожд и снег и не се замаглуваат при премин од топол во ладен простор).
* Погодни за спортување
(Обезбедуваат безгрижност и флексибилност во било какви нагли движења и ги
поддржуваат сите позиции на телото. Пробајте ги Dailies контактните леќи за една употреба).
* Модно прикладни
(Одговараат на целата ваша гардероба и не морате да се грижите дали ќе ви одговара бојата
и моделот. Транспарентни се и дискретни и не се приметуваат дека ги носите).