ЗОШТО, КОГА, КАКО...?

Нашата приказна започна во 1995 година. Бета Медико е застапник за Македонија на неколку глобални, врвни фармацевтски компании. Постоиме за клиенти кои го сакаат најдоброто за своето и здравјето на своите најблиски. Нудиме единствено револуционерни производи во својата област, последна технологија на светскиот пазар на производители чие име е гаранција за беспрекорен квалитет. На почеток, за да оствариме максимала ефикасност на операциите, да дистрибуираме и да обезбедиме поддршка на нашите соработници со соодветни испораки, го ограничивме работењето на слични производи од една потесна област. Но, пазарот не водеше за кратко време обемно да ја прошириме продажната програма. Две години од отворањето, заради драстичен пораст на дејноста, се регистриравме како единствен застапник и дистрибутер на поголемиот дел од светски реномираните производители, со кои одлично соработуваме и денес. Напорно работиме за обезбедување иновативни производи на пазарот кои ќе овозможат подобрување на здравјето и квалитетот на живот на корисникот и продолжуваме да бараме нови можности и перспективи, неуморно, секој ден.

  • Претплати се за нашиот Newsletter