РАСТВОРИ

  • SOLO CARE AQUA

    АНТИБАКТЕРИСКИ РАСТВОР ЗА МЕКИ ЛЕЌИ
    ДЕЛУВА ВЕДНАШ - ИМАТЕ ЧИСТИ ЛЕЌИ ЗА 10 СЕКУНДИ Кадичките се антибактериски, со сребрени јони што ги уништуваат бактериите и спречуваат појава на нови. Патентираниот “hidro-lock” навлажнувачки комплекс, полека ги ослободува молекулите на вода и ви овозможува пријатно, здраво чувство на влажност, се до доцна навечер, а Провитаминот Б5 не дозволува дехидратација. Совршен за чувствителни очи.
    Најдобар е за користење 3 месеци
    од денот на отворање

    (Достапен во пакување од 360 ml и 90 ml)


    ПРВ ЧЕКОР: Со чисти раце земете ја леќата и капнете по 3 капки од секоја страна на леќата. Нежно тријте ја со палецот и показалецот со кружни движења најмалку 10 секунди, а потоа убаво исплакнете ја со растворот.
    ВТОР ЧЕКОР: Наполнете го садот со нова содржина од растворот до ознаката и во него ставете ги леќите.
    ТРЕТ ЧЕКОР: Садот во кој се потопени леќите, затворете го со соодветните капачиња за лево и десно око. По 5 минути, леќите се дезинфицирани и можете да ги ставите на окото или оставете ги потопени преку ноќ.

    Начин на употреба

    ЕДЕН ДЕН ВО Solo Care
  • OPTI FREE

    ВЛАЖНОСТ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ДЕН- ЗА МЕКИ ЛЕЌИ
    ИМАТЕ СУВИ ОЧИ И ИРИТАЦИЈА ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ? СТЕ ГО ПРОБАЛЕ OPTI-FREE® EXPRESS® раствор за контактни леќи од Alcon? Не само што чисти и дезинфицира, туку и НАВЛАЖНУВА :) Прави здрава, влажна молекуларна обвивка околу леќите и ги одржува свежи во текот на целиот ден, каде и да сте...
    Најдобар е за користење 6 месеци
    од денот на отворање

    (Достапен во пакување од 355 ml)


    ПРВ ЧЕКОР: Со чисти раце земете ја леќата и капнете по 3 капки од секоја страна на леќата. Нежно тријте ја со палецот и показалецот со кружни движења најмалку 10 секунди, а потоа убаво исплакнете ја со растворот.
    ВТОР ЧЕКОР: Наполнете го садот со нова содржина од растворот до ознаката и во него ставете ги леќите.
    ТРЕТ ЧЕКОР: Садот во кој се потопени леќите, затворете го со соодветните капачиња за лево и десно око. По 6 часа, леќите се дезинфицирани и можете да ги ставите на окото или оставете ги потопени преку ноќ.

    Начин на употреба

    ЕДЕН ДЕН ВО OPTI FREE
  • AO SEPT

    ДЛАБИНСКО ЧИСТЕЊЕ ЗА МЕКИ И (ПОЛУ)ТВРДИ ЛЕЌИ
    БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ, ЧИСТИ ЛЕЌИ КАКО ДЕНОТ КОГА СТЕ ГИ ОТВОРИЛЕ. Навлегува длабоко низ порите на леќата и чисти темелно се! Целосно ги отстранува бактериите и депозитите од солзниот филм и воздухот. Чисти, дезинфицира и ги одржува леќите.
    Најдобар е за користење 3 месеци
    од денот на отворање

    (Достапен во пакување од 360 ml и 90 ml)


    ПРВ ЧЕКОР: 5 секунди пред плакнење- за подобра дезинфекција отстранете ги задржаните остатоци од контејнерот за леќи.
    ВТОР ЧЕКОР: Наполнете го садот со нова содржина од растворот.
    ТРЕТ ЧЕКОР: Потопете ги леќите во садот и оставете ги да стојат мин. 6 часа. Процесот на дезинфекција почнува веднаш штом ќе почне да се создава бела пена. Меурчињата ги отстрануваат протеините и не дозволуваат нивно понатамошно наталожување. По 6 часа леќите се чисти и можат да се стават на окото.

    Начин на употреба

    ЕДЕН ДЕН ВО AO Sept




  • Претплати се за нашиот Newsletter