ТЕРАПИЈА
ВАКЦИНИ ЗА АЛЕРГИЈА
Кожното тестирање со боцкање (prick test) кое е извршено кај Вас со цел за дијагностицирање на причинителот на алергија, претставува златен стандард меѓу методите за дијагностицирање на алергии и дава најточни резултати во однос на другите методи. Токму врз основ на кожните реакции кои се забележани кај Вас при тестирањето, лекарот препишува терапија. Постојат два основни типа на терапија за третман на алергија:
1. Симптоматска терапија (со привремено дејство) и
2. Специфична имунотерапија (со долготрајно дејство).
1. СИМПТОМАТСКА ТЕРАПИЈА (СО ПРИВРЕМЕНО ДЕЈСТВО)
Симптоматската терапија претставува терапија со лекови од групата на антихистаминици, кортикостероиди и други антиалергици, која има за цел привремено да ги намали симптомите на алергија (течење и чешање на носот, солзење, конјуктивитис, гушење, кашлање, уртикарија и сл.) и да му олесни на пациентот. Симптоматската терапија нема да ја излечи алергијата и нема да доведе до нејзино комплетно исчезнување. Таа е краткотрајно делувачка и ги третира симптомите на самата состојба, но не и причинителот на алергијата, без разлика дали се работи за алергија на одреден полен/полени, алергија на домашна прашина (Dermatophagoides), домашни миленици како куче, мачка, хрчак и сл., или евентуално алергија на мувли. Затоа, кога ќе прекинете да ја примате симптоматската терапија, симптомите ќе се вратат.
2. СПЕЦИФИЧНА ИМУНОТЕРАПИЈА (СО ДОЛГОТРАЈНО ДЕЈСТВО)
Специфичната имунотерапија (СИТ) претставува терапија која има за цел да ја промени прекумерната чувствителност на корисникот и да ја нормализира реакцијата кон предизвикувачот на алергијата (полен, домашна прашина и др.).
Алергенските екстракти на производителот Allergopharma за специфична имунотерапија се произведуваат од различни сировински материјали од биолошко потекло кои содржат алергени како: полени, домашна прашина, животински влакна, мувли и сл.
Всушност, специфичната имунотерапија претставува примање на неколкукратно пречистен лиофилизиран алергенски екстракт на кој пациентот е алергичен, меѓутоа разреден и до 10.000 пати за да не дојде до хипер-реакција.
Спроведувањето на специфичната имунотерапија трае најмалку 2 години, за кое време корисникот континуирано ќе прима се поголеми дози од својата вакцина против алергија, и тоа на одредени временски интервали. Во текот на овие две години корисникот ќе треба да порача 4 вакцини, од кои првата претставува почетна доза, а останатите три се таканаречени дози на одржување. На овој начин доаѓа до постепена де-сензибилизација (`навикнување`) на организмот кон соодветниот предизвикувач на алергија.
Имунотерапијата започнува со примање на таканаречена почетна доза од вакцината. Вакцинацијата со почетната доза започнува со примање на најголемо разредување на алергенот и со постапно зголемување на концентрацијата (дозата) во текот на следните недели. Зависно од типот на вакцината, почетната доза пациентот ќе ја прима во текот на првите 7-14 седмици, еднаш неделно. Со ова првата вакцина се искористува и потребно е веднаш да се прејде на втора вакцина - доза на одржување.
Дозата на одржување претставува највисока концентрација на алергенот и пациентот ќе ја прима еднаш на 4-6 недели во текот на следните 18 месеци за ефектот на терапијата да биде оптимален и долготраен (најчесто вкупно три вакцини - доза на одржување).
Ефектот на специфичната имунотерапија е докажан во многу клинички студии и е прифатен во светски рамки како терапија на избор кај алергиските состојби, посебно кај алергискиот рино-конјуктивитис. Доколку терапијата се спроведе правилно, кај пациентот ќе има значително намалување до губење на симптомите во текот на следните 5-7 години (иако има случаи каде заштитата од ваква терапија успешно трае и до 12 години).
Производителот Allergopharma Joachim Ganzer нуди повеќе типови на вакцини за специфична имунотерапија и тоа:
2. ACAROID- (домашна прашина)
3. NOVO-HELISEN DEPOT - (домашна прашина; мувли; домашни миленици)
4. NOVO-HELISEN ORAL - (домашна прашина; мувли; домашни миленици) орална
5. ALLERSLIT - (полени) орална
Терапијата на полени со Allergovit, спроведена правилно и по протоколот на Allergopharma, ќе го чини пациентот околу 17.750,00 денари за период од една година.
Терапијата на полени со Acaroid, спроведена правилно и по протоколот на Allergopharma, ќе го чини пациентот околу 23.000,00 денари за период од една година.
Терапијата со Novo-Helisen Depot, спроведена правилно и по протоколот на производителот Allergopharma, ќе го чини пациентот околу 20.250,00 денари годишно.
Терапијата со Novo-Helisen Oral, спроведена правилно и по протоколот на Allergopharma, ќе го чини пациентот околу 28.500,00 денари за период од една година.
Спрецифичната имунотерапија се прима од 2-3 години, исклучително само во специјалистичка болничка установа и од страна и во присуство на соодветен
медицински персонал. Дали ќе ја набавите вашата терапија, од каде и кога ќе ја набавите вашата потребна терапија, одлучувате Вие лично, во консултација
со Вашиот лекар кој Ве прегледал и Ви советувал што да превземете.
-
ALLERGOVIT®
-
NOVO-HELISEN® DEPOT
-
NOVO-HELISEN® ORAL
-
ACAROID®
-
ALLERSLIT®