ТКИВНА БОЈА
BLUERON
БИОКОМПАТИБИЛНА ТКИВНА БОЈА
Blueron е стерилна, патентирана сина боја за обојување на очното ткиво за време на операции на предниот сегмент на окото.· Биокомпатибилен
· За операции на катаракта
· За операции на ретина
· За еднократна употреба
Употреба: Кога предниот дел на леќата е обоен, станува повидлив при capsulorhexis (отстранување на леќата при операција на катаракта) и го минимизира ризикот од кинење. Во окото се вбризгува балон со воздух во предната комора, за да се спречи разредување на Blueron со течноста во комората. Потоа внимателно се инјектира со тапа канила во предната капсула на леќата. Боење се постигнува веднаш штом дојде во контакт и се отстранува остатокот од бојата. Потоа, операцијата на катаракта се врши на вообичаен начин.
BRILIANT PEEL
Brilliant Peel е биокомпатибилна ткивна боја која се користи во офталмохирургијата. Стерилен, апироген и нетоксичен раствор, кој не предизвикува инфламаторни реакции.Brilliant Peel е наменет за специфично обојување на внатрешната гранична мембрана (inner limiting membrane ILM). Специфичното обојување на ILM овозможува да биде јасно диференцирана од ретиналното ткиво кое се наоѓа под неа. На овој начин хируршкото отстранување на ILM станува полесно и побезбедно.
Употреба: По витректомија, витреалната комора е исполнета со раствор за офталмолошка иригација. Brilliant Peel од стакленото шишенце се префрла во погоден шприц на кој се прикачува тесна и тапа канила. Стерилниот стаклен шприц е директно поврзан со канила. Растворот од ткивна боја се инјектира врз ретината во окото, кое е исполнето со раствор за иригација. Реакционото време е неколку секунди. Витреалната комора потоа се измива, а обоената ILM хируршки се одстранува.
Во ретки случаи слабата растворливост на brilliant blue G во водена средина може да резултира со минимална кристализација на бојата во окото. Ова не ја ограничува употребата на Brilliant Peel®, но операторот мора да се осигура дека секакви траги од производот кои остануваат во окото комплетно се измиени.