ВЕНТИЛАЦИЈА

  • CoughAssist


    МИ ПОМАГА ДА ГО ИСФРЛАМ БЕЛОДРОБНИОТ СЕКРЕТ

    CoughAssist им помага на пациентите да ги исфрлат белодробните секрети кога не можат да искашлаат самите. CoughAssist е безбеден, неинвазивен начин за редуцирање на ризикот по дишните патишта и евентуални респираторни компликации.

    CoughAssist е наменет за пациенти со следниве дијагнози:

    - Амиотрофична латерална склероза(ALS)
    - Спинална мускулна атрофија
    - Мускулна дистрофија
    - Myasthenia gravis
    - Повреди на `рбетниот столб
    - Post-polio

    Предности на CoughAssist:

    - Отстранува секрет од белите дробови
    - Намалува појава на респираторни инфекции
    - Безбеден, неинвазивна алтернатива за аспирација
    - Лесен за користење од страна на пациентите и помошниот персонал

    Прикажи повеќе
  • Trilogy


    ЗА ЧЕСТИ ПРОМЕНИ НА ТРЕТМАНОТ КАЈ ПАЦИЕНТОТ

    Trilogy претставува пренослив (5кг) вентилатор за инвазивна и неинвазивна вентилација, за домашна или болничка употреба наменет за употреба кај деца или возрасни. Trilogy е идеален за третман на широк дијапазон на респираторни состојби кои побаруваат чести промени на третманот кај пациентот.

    Надворешната батерија овозможува до 3 часа терапија во мобилни услови, а внатрешната батерија обезбедува дополнителни 3 часа безжична работа. DirectWiew овозможува снимање на сите настани за време на третманот. Лесен и едноставен за употреба како за медицинскиот персонал така и за пациентите.

    Карактеристики:

    - За возрасни и деца ( > 5 kg)
    - Волуменски и притисочни режими (CPAP, S, S/T, T, PC, PC-SIMV, AC, CV, SIMV)
    инвазивни и неинвазивни можности
    (терапија преку маска, трахеостомска канила или ендотрахеален тубус)
    - Мал и лесен дизајн ( 5кg )
    - Една вградена и една надворешна батерија (опција за повеќе надворешни батерии)
    - Контроли лесни за употреба
    - DirectWiew систем за известување и снимање
    - Можност за подесување за два спремни режима во секое време
    - AVAPS – Average Volume Assured Pressure Support (Гарантира подесен тидален волумен)
    - Digital Auto-Trak
    - Над 10 аларми за безбедност
    Прикажи повеќе

  • Bi-PAP S/T


    НЕИНВАЗИВЕН ВЕНТИЛАТОР ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА | ЗА ОПСТРУКТИВНИ БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА

    Bi-PAP S/T е прогласен за „најдобар производ“ во домашна респираторна терапија. Неговата употреба се препорачува кај пациенти со ХОБС (Хронични Опструктивни Белодробни Состојби). Автоматски се прилагодува на промените кај пациентот.

    Безбеден е да се употребува кај пациенти над 7 години, со телесна тежина над 18 кг. Сега, со уште подобри карактеристики. Помал, полесен и бесшумен.

    Прикажи повеќе


  • Bi-PAP AVAPS


    НЕИНВАЗИВЕН ВЕНТИЛАТОР ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА | ЗА РЕСТРИКТИВНИ БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА

    Bi-PAP AVAPS е револуционерен апарат што автоматски се прилагодува на потебите на пациентот. Безбеден е и нежен, дури и за деца над 7 год. возраст, што тежат повеќе од 18 кг. Добивате значително подобрена нега, автоматско прилагодување и едноставно ракување. Сега, полесен и безшумен.

    Ексклузивни предности за пациентите и медицинските лица:

    • Bi-PAP AVAPS (одржување на подесен просечен тидален волумен) автоматски се прилагодува на прогресијата на болеста и променливите
    потреби на пациентот
    • Одлична удобност, без да се загрозат ефикасноста
    и безбедноста на пациентот
    • Значително подобрена вентилација
    • Го поедноставува процесот на титрација

    Кои пациенти можат да бенефитираат
    од Bi-PAP AVAPS?


    Пациенти кои развиле хронична хиповентилација, ќе почувствуваат поудобна и поделотворна неинвазивна терапија. На пример, невромускуларна, ХОББ и пациенти со хиповентилација заради прекумерна тежина (Pickwick).

    Прикажи повеќе
  • Bi-PAP A3O


    ПРИРОДНИ ПЕРФОРМАНСИ- ЗАТОА ШТО ЕФИКАСНОСТА И ЛЕСНОТИЈАТА НА КОРИСТЕЊЕ СЕ КЛУЧНИ ЗА БЛАГОСОСТОЈВАТА НА ПАЦИЕНТОТ!

    Подобрена терапија и лесен за користење. Може да работи во интеракција со други производи и софтвер, на пример пулс-оксиметри. Нуди благо прилаго-
    дување при премин од домашни во болнички услови. ЗАТОА ШТО ЗНАЕМЕ ДЕКА ДОМАШНОТО ЛЕКУВАЊЕ ПРАВИ ЧУДА!

    Сеопфатно решение низ повеќе чекори:

    • Титрација
    • Отпуштање на пациентот од болница
    • Терапија
    • Следење
    Како што е прикажано на сликата.

    Прикажи повеќе




  • Претплати се за нашиот Newsletter